Меси во аут помеѓу седум и десет дена

Messi povreden
Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси има повреда заработена на натпреварот од 28. коло против Севиља кој заврши со резултат 1:1.
Денес Меси ги помина медицинските прегледи по што стана јасно дека има повреда на десното колено и ќе одмара помеѓу седум и десет дена. Така учеството на Меси во натпреварот против Гетафе е под знак прашање, соопштува каталонскиот клуб на својата официјална страница.

Освен Меси од повреди страдаат уште четврорица играчи на сино-црвените. Тоа се Педро Родригес, Дани Алвеш, Адриано Корија и Карлес Пујол.

Сеуште не е познато дали некој од четворицата ќе биде спремен за дуелот против Гетафе од 29. коло. Барселона е лидер во шпанското првенство и има пет поени предност пред Реал Мадрид.

Гвардиола одби да ги обвини судиите за ремито со Севиља

SPAIN/
Пеп Гвардиола одби да говори за перформансите на судијата Мигел Перез Ласа на вчерашната средба помеѓу Севиља и Барселона која заврши 1-1
Откако Барса не го освои целиот плен на гостувањето на Рамон Санчез Пижуан, Реал Мадрид ја намали предноста на пет бода и драстично си ги подобри шансите за титула.

На средбата со Севиља, судијата Мигел Перес Ласа во два наврати ја оштети Барса откако најпрво неоправдано го поништи погодокот на Меси а потоа не досуди пенал по прекршкот над Бојан Кркиќ.

По крајот на средбата, Пеп Гвардиола одби да го критикува судијата и рече дека е задоволен со перформансите на неговиот тим.

“Судиите секогаш го даваат максимумот и се обидуваат најдобро да ја извршат својата задача.” – рече Гвардиола. “Јас сум преставник на институција како Барселона и нема да давам оценки за одлуките на судијата.”

“Тренерот на Барселона не дискутира за перформансите на судијата.”

Пеп потоа додаде: “Одигравме добро против Севиља, која е голема институција.”

“Во глобала сум задоволен од перформансите и напорната работа. Но мислам дека добивме малку за она што го направивме.”

“Можеби заслуживме повеќе од реми по она што го одигравме во првиот дел.”

“Севиља потоа се подобри во второто полувреме и покажа дека има одличен менталитет.”

Барса бара исправка од Cadena Cope за обвинувањата за користење допинг средства!

Barcelona-460-barcelona1
Барселона побара од радио станицата Cadena Cope да се извини за сторијата која беше емитувана вчера и во која Каталонците беа обвинети за допингување на фудбалерите.
Барселона исто така најави дека правниот департман на клубот разгледува каква правна постапка да се превземе со цел да се зачува имиџот на клубот, тренерите, фудбалерите и медицинскиот персонал.

Ваквата реакција на Барса следи откако вчера на радио станицата Cadena Cope имаше емисија во која Барселона беше обвинета дека соработува со доктори кои имаат ’сомнителна репутација’ односно доктори кои даваат стимулативни средства.

Беше најавено дека во текот на денешниот ден ќе бидат објавени и имињата на докторите а исто така се најавуваше дека Реал Мадрид ќе побара од Фудбалската Федерација на Шпанија, допинг тестовите да бидат многу посериозни.

Барселона реагираше експресно и повика Cadena Cope веднаш да направи исправка.

“Како одговор на сериозните обвинувања што беа емитувани во неделата на радио станицата Cadena Cope, Фудбалскиот Клуб Барселона сака јавно да го изрази своето негодување кон овие неосновани шпекулации кои го поврзуваат клубот со допинг практика. Клубот исто така го осудува ваквото однесување, кое нема никаква врска со фер-плејот и лошо влијае на сликата за спортско натпреварување.” – гласеше соопштението на Барселона.

“ФК Барселона бара веднаш да се направи исправка и сака да потврди дека правниот департман на клубот ја разгледува можноста за судска постапка во обид да се одбрани честа на Барселона, честа на тренескиот персонал, фудбалерите и медицинскиот персонал.”

Барселона му нуди продолжување на договорот на Алвес

61310412 Continue reading ‘Барселона му нуди продолжување на договорот на Алвес’

Алвес: Ибра требаше да се бори во Барса

ibra_raiola Continue reading ‘Алвес: Ибра требаше да се бори во Барса’

Барса мора да му плаќа по 1 м евра на Раиола во наредните 4 години

ibra_raiola Continue reading ‘Барса мора да му плаќа по 1 м евра на Раиола во наредните 4 години’

Фановите му ја доделуваат „Златната Топка“ на Чави

47571_1388406505289_1085857471_30919126_6752751_n Continue reading ‘Фановите му ја доделуваат „Златната Топка“ на Чави’

Лапорта одговори на критиките

joanlaporta Continue reading ‘Лапорта одговори на критиките’

Гвардиола се согласил на долгорочен договор

SPAIN/ Continue reading ‘Гвардиола се согласил на долгорочен договор’

Барса со најмалку странци во последните 15 години

61436931 Continue reading ‘Барса со најмалку странци во последните 15 години’

Next Page »